Северна Македонија станува дел од СЕПА: полесни и побрзи плаќања во евра

Bez autora
Mar 10 2025

Министерството за европски прашања ја поздравува одлуката на Европскиот платен совет (ЕPC) за проширување на географскиот опсег на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), со што Северна Македонија вчера стана дел од оваа значајна европска финансиска зона.

Членството во СЕПА значи полесни, побрзи и поевтини трансакции за граѓаните и компаниите. Дознаките од ЕУ ќе пристигнуваат побрзо и со пониски трошоци, а бизнисите ќе имаат поедноставени плаќања во Европа. Исто така, членството ќе ја зајакне меѓународната доверба во финансискиот сектор на Северна Македонија и ќе ги продлабочи трговските односи со Европската економска област.

Според календарот на EPC, нашите финансиски институции ќе започнат со пристапување кон СЕПА во април 2025 година, а оперативната подготвеност на давателите на платежни услуги е предвидена за 5 октомври 2025 година.

Со ова значајно достигнување, Северна Македонија станува дел од единствениот европски пазар на плаќања, што претставува уште еден конкретен чекор на Владата кон европската економска интеграција и подобрување на финансиските услуги за граѓаните и компаниите. Пристапувањето во СЕПА е конкретна придобивка од Планот за раст земјите од Западен Балкан во контекст на забрзаната интеграција, велат од Министерството за европски прашања.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik